Се очечуваат температури до- 20 степени, бездомните лица можат да се стоплат во Пунктот за бездомници во Момин Поток

You must need to login..!

Опис

Пунктот за бездомници во Момин Поток кој е отворен во 2008 година, им овозможува на бездомните лица да добијат топол оброк, лекови, чиста облека и преноќување кога температурите се спуштаат под нулата. Македонија од денеска влегува во жолта алертна фаза, а очекувањата се дека во некои градови низ земјава температурите ќе бидат во негатива од дури 25 степени. Сепак, за разлика од минатите години кога привременото прифатилиште беше отворено за 32 лица, колку што е капацитетот во машката и женска соба, оваа година поради пандемијата и почитувањето на протоколите за работа, бројот е преполовен.

Исто така во трпезаријата можеа да ручаат 36 луѓе, сега поради ковид протоколите истата е пренаменета во шалтер систем, каде храната само се испорачува,информира Драгана Лазаревска, координатор на Пунктот за бездомници.

-Тоа што е капацитетот на Пунктот преполовен не значи дека некого ќе го оставиме на улици. По направена проценка за состојбата и приоритетите на лицата, Црвениот крст плаќа кирии за време на најладните месеци, а имаме оворено и транзитна соба во Чичино село каде може да се сместат од три до пет бездомни лица.Исто така  вели Лазаревска. Бездомните лица се детектираат преку патролните служби на Црвениот крст, но и преку хумани граѓани кои ги сретнуваат на улица, по што екипите на Црвениот крст со возило ги пренесуваат до Пунктот.

-Важно е да споменам дека бројот на бездомни лица порасна изминатава година за дури 50млица, и тоа како резултат на пандемијата. Дел од бездомните лица ја изгубиле работата и не можеле да ги плаќаат станбените кредити, други пак како последица на семејно насилство биле бркани од сопствените домови. Тие лица се работоспособни и ние се обидуваме да им помогнеме да најдт работа и да продолжат со животот, нагласува Лазаревска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 + four =