Се отвори базенот “Борис Трајковски”, директорот ја напушта функцијата

You must need to login..!

Опис

Утринава во седум часот базенот „Борис Трајковски“ ги отвори вратите за пливачите, по десетдневниот прекин поради дефект. – Дефектот е саниран, изминативе денови успеавме да ја загрееме водата до тоа потребно ниво за употреба на рекреативните и професионалните пливачи, така што се е вратено во нормала. Дефектот се случи во лош момент кога се затвори базенот во Куманово и големото корито на Олиписки базен, па најголем дел од критиките беа упатени до наша адреса, иако ние сме им поддршка и опслужуваме многу клубови. Морам да нагласам дека станува збор за нормален технички дефект, а многу луѓе тоа го искористија за себе промоција, рече во Утрински брифинг директорот на СЦ „Борис Трајковски“, Александар Петровски.

Во однос на обвинувањата зошто толку се чекало за резервниот дел, тој вечи невозможно е да се има резервни делови за секој дел од комплексот.

  • Ние не можеме да чуваме 15.000 резервни делови за цел комплекс. Спортскиот центар функционира веќе тринаесет години а со тоа се амортизира, деловите се потрошна роба и нормално е дека некогаш ќе се расипат. Со поправката на дефектот и денешното отворање на базенот конечно ќе се уверат сите дека не се работеше за намерно затворање на базенот, поради заштеда на електрична енергија, како што се зборуваше во јавноста, туку поради реален дефект. Со затворањето на еден базен во Скопје, се дојде до израз проблемот со недостаток на базени. Јас како спортски работник би сакал да имаше уште десет базени во Скопје. Сметам дека сите треба да се залагаме за изградба на базени не само во Скопје туку и во другите градови, вели Петровски.

Базенот се уште работи со намален капацитет како последица на протоколите кои се уште важат. Предност во добивање на термини имаат пливачките клубови, а репрезентативците и лицата со посебни потреби базенот го користат бесплатно.

Директорот на СЦ „Борис Трајковски“ најави повлекување од функцијата.

  • Мојот мандат завршува следната недела, и јас нема да барам продолжување на мандатот. Се надевам дека тој што ќе дојде на мое место ќе го сака спортскиот центар и ќе се грижи за него, како јас што се грижев во измиантиве 4 ипол години, рече Петровски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

2 + thirteen =