Се одбележува светски ден на туризмот

You must need to login..!

Опис

Целта за одбележувањето на Светскиот ден на туризмот е да се зголеми свеста на луѓето, и на целокупното општество за улогата која ја има туризмот, како  и да се потврди влијанието на туризмот врз политичкиот,  општествениот и културниот живот.  Ова денеска, на одбележувањето на Светскиот ден на туризмот, го изјави деканот на Факултетот за туризам и менаџмент, доц. д-р. Сашко Граматниковски.

– Потребата на луѓето да патуваат и да истражуваат е исконска и универзална. Поради тоа, на никого не би требало да му се скрати правото да патува и да ужива, меѓутоа исто така никому не би требало да му се скратат ниту правата да  ужива во економските придобивки од туризмот. Темата на овогодинешниот Светскиот ден на туризмот е, „туризам за инклузивен развој“, што значи да им се помогне на сите кои се вклучени во туризмот, на секаков можен начин. Токму затоа Светската туристичка организација ги повика сите држави да ја подигнат свеста за важноста на туризмот и да им се помогне на оние кои беа најпогодени од пандемијата, вели професот Граматниковски.

Пораката која оваа година се испраќа на Светскиот ден на туризмот почива на Декларацијата: Не оставаме никого зад себе, која е дел од агендата за одржлив развој 2030 година. Оваа година домаќин на одбележувањето е Брегот на слоновата коска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four × four =