Се одбележува Денот на македонскиот јазик

You must need to login..!

Опис

Петти мај е ден на македонскиот јазик. На овој ден во 1945 година со Решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик, а по два месеци Министерството за просвета го озакони првиот правопис на македонскиот јазик. На седми јуни е усвоен и правописот, со што се завршува кодификацијата на македонскиот јазик. Од 2019 година со одлука на Владата денешниот ден е прогласен за ден на македонската азбука и на македонскиот јазик. Директорката на Институтот за македонски јазик, Елена Грујовска вели дека Денот на македонскиот јазик ќе се одбележи работно.

-Денеска ќе биде промовирано електронското издание на толковниот речник на македонскиот јазик. Промоцијата ќе може да се следи он лајн преку фејсбук страната на Владата. Поради мерките на Комисијата за заразни болести и препораките да нема групирање, поканети се само авторите на речникот. На Толковниот речник работеа вкупно 21 автори. Поздравни обраќања ќе имаат претседателот на државата, Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев, информира Грујовска. Денот на македонската азбука е работен ден, за разлика од денот на албанската азбука, кој за албанците во Македонија е неработен ден. Грујовска не смета дека тоа е проблем, се додека се споменува овој ден како посебен и како таков се одбележува. 

-Наш подарок за народот е електронското издание на толковниот речник. Со тоа граѓаните ќе можат бесплатно да пребаруваат и да најдат соодветен збор или правопис, вели директорката на Институтот за Македонски јазик.  Таа стравува дека несоодветната употреба на одредени поими и нивна замена со зборови од странско говорно подрачје може да доведе до модификација на стандардниот македонски јазик. -Не не плашат грешките кои се прават употребувајќи една буква наместо друга, но ме плашат англицизмите кои се почесто се употребуваат и тоа од страна на влијателни луѓе од јавниот живот. Верувам дека со тоа сакаат да остават впечаток дека се начитани, едуцирани и запознати со одредена област, притоа без да забележат колкава штета прават на македонскиот литературен јазик, објаснува директорката на Институтот за македонски јазик, Елена Грујовска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

two + 12 =