Сељами: Пред Закон сме обврзани да имаме успешен попис, врзаните потписи се да си помогнеме еден на друг

You must need to login..!

Опис

Она што се случува на терен од страна на опозиција е една работа, друга работа се интензивните подготовки кои се вршат за организирање и спроведување на пописот согласно Законот. Две различни работи, за кои што првата нам не нѐ интересира, бидејќи ние сме согласно Закон обврзани да работиме на организирање и спроведување на пописот и тоа нам ни одзема најголема концетрација, а тоа што го прави опозицијата е редослед на работите. Од самиот почеток и пред донесувањето, во Собранието и по донесувањето на Законот опозицијата врши активности кои одат во правец на анулирање на Законот, што всушност значи повикување на бојкот. Тие тоа не го викаат викаат бојкот, велат дека ќе соберат толку многу потписи што всушпност ќе значи дека граѓаните се на нивна страна и така ќе дадат до знаење дека се работи за Закон кој што не треба сега да се спроведе, но пак ќе речам ние не сакаме да влегуваме во политичките битки, изјави во Утрински брифинг, заменик директорот на Државниот завод за статистика, Иљми Селами.

Би било добро да сфати секој граѓанин, а особено политичките партии, дека попписот е таков процес кај што нема или – или . Или добиваме сите или губиме сите. Не добива власта, не добива опозицијата, не добиваат Албанците или Македонците, или вице верса. Ова се статистички податоци на кои што им треба на сите оние кои планираат како понатаму да се движи државата, смета Сељами.

Околу двојниот потпис, Сељами вели дека во нашата држава се се гледа под призмата на недоверба. Кога се прават законски решенија тие се гледаат со недоверба. Јас постојано велам дека на сите работи треба да се гледа афирмативно и промотивно. Ова е тежок процес, широк сеопфатен да се остави само на еден човек да биде одговорен како директор на ДЗС и секој нека се постави во негова позиција – можностите за грешка, за недоследности на терен се големи и целата одговорност да падне врз него тоа не би било дури и здравствено добро. Врзаните потписи се да се помогнеме еден на друг. Ние сме со Закон врзани, сите ние и јас и директорот одовораме за нашите постапки. Не сме тука дојдени да направиме нешто, демек ќе местиме и априори да се каже дека овој попис е однапред делигитимизиран. За шпекулациите со проценти, можам само да кажам дека се изјави кои не одат во правец да се помогне процесот, туку напротив да се опструира, вели Сељами.

Целиот разговор со заменик директорот на ДЗС погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 + thirteen =