Семејнолозите наидуваат на затворени врати: Општеството и институциите не нѐ препознаваат

You must need to login..!

Опис

Институтот за семејни студии е основан во 2014 година. Ни се ближи меѓународниот ден на семејството. Во нашата земја оваа наука е релативно млада, но во светот е поинаку. Стручниот профил е семеен советник или семејнолог. За жал, каде и да наидеме на било која институција нас вратите ни се затворени, изјави во Утрински брифинг Елена Михајловска, семејнолог.

Во моментот од Владата ни рекоа дека ќе има некои реформи, да почекаме. Постојано испраќаме писма, но некако како да се префрла топката и ние не добиваме конкретен одговор.

Гостин во Утрински брифинг беше и семејнологот Марија Петровска која вели дека никој во државата нема слух за овие дипломирани студенти.

-Семејството го учевме од секој можен аспект. Ние се почести сме сведоци на семејни проблеми. Семејството е општествена гранка, клетка, единка на едно општество. Постојат стручни лица кои се занимаваме со оваа проблематика, но општеството нас не не препознава.

Целиот разговор може да го погледенте го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

17 + eight =