Селмани од „Ромалитико“: Општествената инклузија на Ромите не е прашање само на Ромите – очекуваме Владата сериозно да се зафати со ова прашање

You must need to login..!

Опис

„Ромалитико“ правеше анализа која се базираше на методологија која ја применува ЕУ. Самата оценка од 1,6 за ромската интеграција во општеството пкажува колку вадите во изминатиов период се залагаа за ромските прашања. Битен момент е што за прв пат еден еврокомесар му укажа на премиерот дека интеграцијата на Ромите ќе биде приоритет на следниот состав на европарламентот ина ЕК генерално, така што тоа мора да профункционира.

За жал изминатиов период видовме лоши потези на владата – кратење на буџетот за стратегијата за Роми, споро реализирање на политиките. декларативно оваа Влада покажува интерес за решавање на проблемите, но кога ќе дојде до имплементација тоа не се реализира, изјави во Утрински брифинг Дениз Селмани од Институтот за анализи „Ромалитико“.

Целиот разговор каде меѓу другите прашања Селмани говори и за недоволната посветеност на институциите во инклузијата на Ромите во македонското општество погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

two + two =