Селмани: Неизвесни, интересни комбинации и интереси не очекуваат во вториот круг

You must need to login..!

Опис

Следиме сѐ што се случува. Се случија неколку феномени. Првпат имавме предизборни коалиции меѓу партии на Албанците и македонските партии. Коалицијата на опозицијата изгледа дека подобро функционираше. Од бројките мможе да се заклучи дека и ВМРО добила поддршка од Алијанса и Алијанса од ВМРО, како и од СДСМ за ДУИ, но СДСМ не доби толку поддршка од ДУИ. Сите политички партии си ја завршија работата за себе, а СДСМ потфрли. Ако не можеш за себе, не можеш ни за коалиционите партнери. Очекувано за мене беше позиционирањето на Беса во втор круг со Арифи и тоа ќе биде голема битка со големи шанси Беса да постигне историски резултат. Тоа е и предизвик за СДСМ оти обете партии се коалициски партнер на СДСМ во владата, изјави за Утрински брифинг Имер Селмани.

Дали ако некој се налути ќе има промена во мнозинството

-Не верувам дека тоа може да биде пречка за мнозинството. Но, СДСМ ќе има повеќе работа за вториот круг да ги мотивира своите гласачи да излезат. Комплицирана е голема слика во Тетово и не е во полза на Арифи. Тешко е гласачи на СДСМ да излезат да гласаат за неа.

Во Гостивар за малку Таравари не успеа да стане градоначалник во прв круг. Има ли Бејта шанси?

-Тешко. Изненадувања се невозможни. Ова е втор мандат на Таравари и очигледно ја ужива поддршката од гласачите оти веројатно испорачал тоа што ветил во првиот мандат.

Во Арачиното судирот е меѓу СДСМ и ДУИ, па ќе решава поддршката од Алијанса.

-Ќе треба политичките партии да ги решаваат коалициите на локално ниво. Битни ќе бидат гласовите на Алијанса особено што тука имаме албанско гласачко тело. Ќе видиме коалиции кои нема да се повторуваат туку ќе бидат уникатни за секоја општина.

На СДСМ ќе му треба големо враѓање. Дали е можно големо враѓање или силата на инерцијата е поголема.

-Сите политички партии се исполнија освен СДСМ која не успеа ни својот сопствен капацитет да го извади за себе. Две недели не се малку време, па можат да се консолидираат. Можно е овој резултат да е резултат на пасивноста на дел од структурите во СДСМ. Можни се изненадувања, но не драстични. В0 2017 година имаше голем бран на победи на СДСМ, но тоа оди циклично. Во принцип, оној што ќе го добие Скопје се прогласува дека е победник на локалните избори. Изборите за советници се завршени, во скопските општини опозицијата доминира. Ќе биде интересно да се види како ќе функционираат олку шаренолики совети. Треба да се анализира феноменот како за една година да се случи толкав пад на СДСМ, а ВМРО се созема. Дали граѓаните не се задоволни од националната политика или од локално неиспорачани резултати или пак од обете истовремено, вели Селмани

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

six + five =