Селмани: На опозицијата и е од корист да се реши проблемот со Бугарија, да не и остане главоболка и горчлив проблем

You must need to login..!

Опис

-Претседателот кај нас според уставот и законите се бира од граѓаните, иако не сме претседателска држава и нема големи ингеренции, задача основана на секој претседател што треба да ја изврши во услови кога премиерот си даде оставка, но тоа беше негова одлука и во услови кога имаме жешка тема со Бугарија , пандемија, судството.

-Појавата на претседателот и во говор и во интервјуата и јавните настапи треба да се поздрави и тие прашања треба да ги поставува, да агитира, но не само од позиција на аналитичар и критичар туку да биде и протагонист за изнаоѓање на решенија.

-Претседателот ја претставува државата и во однос на Бугарија не треба да се затскриваме зад црвени линии. Сите ние може да имаме нијанси за тоа како треба да се постигне договор со Бугарија.

-Шест месеци се многу и треба да се скрати на пократко време за да се изнајдат решенија. Ставот дека треба да се забарикадираме ме потсетува на едно претходно време.

-На опозицијата и е од корист да се реши проблемот со Бугарија, да не и остане главоболка и горчлив проблем. Па ако дојде на власт опозицијата да се справи со другите проблеми во државата. Тешко ќе изнајдеме сила да се справиме со другите проблеми во државата, реформи во судството, економската криза ако над глава ни виси проблемот со Бугарија.

-Заев ќе остави длбаок белег во нашата држава. Ќе се памти по храброста и одлучноста. Решавањето на проблемот со грција. Решавањето на меѓуетничките односи со една константна/ Ќе остане забележан и по одредени пропусти, гафови, избрзани изјави, но и по храброста за оставката која ја даде на две и пол години пред истекот на мандатот.

-Воведе многу работи, прв премиер со нов стил за комуникација со јавноста. Знам луѓе од Сарај, обични граѓани кои комуницирале со него, си постави нови стандарди, нови критериуми.-

-Ковачевски го знам од времето кога беше во А1 и Телеком. Се познавам со неговиот татко јас додека бев млад градоначалник, изјави за Утрински брифинг политиччкиот аналитичар Имер Селмани.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

nineteen − five =