Селими за УБ: Време е албанските интелектуалци да излезат на дебата

You must need to login..!

Опис

Мислам дека политичкиот абмиент е оштро настроен и длабоко поларизиран, што вие доколку кажете свое мислење веднаш политички ќе ве обојат.

Повеќето интелектуалци сакаат да седат во својата комотна зона за да не бидат политички обоени. мислам дека тоа е многу лошо и ги повикувам да се вклучат, посебно академската сфера изјави за Утрински брифинг Сефер Селими, граѓански активист, говорејќи за политичкиот амбиент кај албанската заедница.

Околу дебатата Заев-Мицкоски, Селими вели дека од неа очекувал повеќе.

Мислам дека дебатата беше на ниско ниво. Претежно беше насочена кон меѓусебни обвинувања и немавме суштинска дебата за работите кои ги тангираат граѓаните. Загрижувачки е тоа што освен во тоа студио таа дебата на обвинување продолжува насекаде.

За опциите на македонскиот политичка сцена и бенефитите и резултатите од работата на досегашната Влада, Селими смета дека оваа влада направила многу во поглед на еу-интеграциите, но и дека граѓаните бараат брзи, опипливи резултати.

Почетокот на оваа Влада започна тензично и турбулентно, така и заврши. Беа донесени крупни одлуки чиви резултати не можеме да ги видиме во блиска иднина, но секако резултатите ќе бидат видливи. Голем дел од граѓаните тоа ќе го сфатат, рече Селими.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three × two =