Селими: Блокиран Парламент е синоним за блокирана држава – Собранието не треба да е место за популизам и решавање на внатрепартиски проблеми

You must need to login..!

Опис

Блокираниот парламент најмногу може да е синоним за блокирана држава. Имаме над 100 закони блокирани и тоа нико да се помрдне напред. Во овој случај веќе е тешко да добиеме проширена Влада, особено по понудата јавно упатена од Заев, а потоа отфрлена од ВМРО-ДПМНЕ и другите опозицски партии, изјави во Утрински брифинг политичкиот аналитичар Сефер Селими кој додава дека е логично да се има лидерска средба да се надминат овие блокади.

Кога зборуваме за македонскиот политички амбиент тешко е да се предвиде дека работите ќе се движат напред и мислам дека ќе има интервнеција од меѓународниот фактор за работите да се вратат во нормала, особено и тоа што сме пред нов бран на ковид 19, вели Селими.

Во Македонија тешко е да има конструктивен политички амбиент, каде политичките партии би конкурирале или би направиле политички потези кои ќе бидат конструктивни и ќе придонесат за доброто на граѓаните. Ова однесување на партиите не е резултат само за добивање политички поени кај граѓаните. Тоа некако е предизвикано и од внатрепартиски проблеми кои одредени партии ги имаат. Ова блокирање го гледам како тенденција на ВМРО за внатрешна кохезија и одржување на лидерската позиција на Мицкоски. Овие блокади и неконструктивноста се употребува и за внатрепартиска кохезија. Од друга страна и албанската опозиција навлегува во истата игра на ВМРО – блокирање. Ако знаеме дека Собранието е местото каде што треба да се решаваат овие проблеми, сепак е докажано дека лидерите мора да се сретнат за да постигнат политички договор – цел надминување на блокадите. За жал нашиот парламент се уште служи како машина за гласање и не ја игра своајта улога, смета Селими.

Имаме вистински проблем со довербата на граѓаните кон институциите и политичарите. таа доверба е најбитниот елемент кој гради релација помеѓу граѓаните и државата. Оваа релација одредува каква држава ќе бидеме и како граѓаните ќе се однесуваат кон државата. Ваквите неодоговрни однесувања (одморот на Рашковски и Николовски) на грб на граѓаните, не само што се уште ја продлабочува недовербата туку доаѓаме и до комплетна разочараност на граѓаните, особено на младите. Овие пораки се клучните фактори кои придонесуваат кон иселувањето на младите од државвата. Ова секојдневно губење на човечки капитал еден ден ќе ни се врати, вели Селими.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

seventeen − eight =