Села: Среде кризата со Бугарија и ветото, АА се воздржува од бојкот на институциите

You must need to login..!

Опис

Во Парламентот се навестуваат турбулентни случувања со барањата на опозицијата за предвремени избори. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, која е во т.н. „активен бојкот“ на Собранието, опозициската Алијанса на Албанците најави дека ќе остави уште време за да одлучи дали ќе се приклучи.

-Работа на опозицијата е да бара промена на власта. Граѓаните не видоа ништо ново ни од новото владино мнозинство. Повторно сме на прагот од Европската унија и никако да го пречекориме, вели Зијадин Села, претседател на Алијанса на Албанците, за Утрински брифинг.

Оттука и Алијанса на Албанците е заинтересирана за уривање на власта, но притоа одржува само парцијален бојкот сметајќи го за свој опонент ДУИ.

-Ние пред неколку недели излеговме со агенди на кои ќе работиме. Една од нашите иницијативи е промена на Законот за игри на среќа со тоа што коцкарниците би се тргнале од близина на школите и верските објекти и да се сместат во хотели од пет ѕвездички. Тоа што противниците велат дека нема такви хотели, ние одговараме дека тие што се заинтересирани можат да инвестираат и да направат такви хотели наместо да инвестираат во странство, вели Села.

Тој додава дека во оваа ситуација што ја имаме со Бугарија и ветото налага Алијанса на Албанците да се воздржат од бојкот на институциите.

-Ние немаме друга алтернатива освен Европската унија, затоа и како партија сме против Отворен Балкан. Во таа смисла и Макрон нуди некаква опција за замена на влезот на Македонија во Унијата. Можеби звучи чудно, но личи на колонизација ваков модел на некои заедници во рамките на Унијата а кои не се Унијата, вели Села.

Од правен аспект, на предвремени избори се оди со 61 пратеник колку што треба и за формирање на власт, вели Села и додава дека пристапот за ова мора да ни биде многу сериозен.

-Ако претендираме на предвремени избори без некоја конкретна причина освен само да се освои власта, тогаш се прави преседан за во иднина кој било кога сака да прави бојкот на работата на Парламентот, вели Села.

Села вели дека бојкотот е легитимно право на ВМРО-ДПМНЕ исто како што секоја друга партија си прави своја агенда.

-Нефер однос е кон Алијанса на Албанците ако се направи договор меѓу една политичка партија на власт и една во опозиција. Но, во Македонија сѐ е можно, вели Села за Утрински брифинг.

Тој додава дека Али Ахмети го смета за еден голем политички лажго кој на избори оди со многу големи ветувања.

-На пример, рече дека ќе има премиер Албанец. Нам не ни треба премиер Албанец, со албанско име и презиме, туку човек што ќе ги решава проблемите. Иднината на Македонија не се крои од Мала Речица или Зајас. Ако сакаме да мериме, треба да погледнеме што се инвестирало. Таму, се крои корупција, се кројат судии и обвинители, и да, ДУИ треба да си оди во опозиција. ДУИ стануваат коцкари и сакаат да формираат фирма која би правела државна лотарија а која би била како крило на ДУИ. Оттука е јасно дека ние немаме правна држава. Оти да објави Владата конкурс за таква фирма во рамките на Лотарија на Македонија пред законот за игри на среќа да помине не е во ред, вели Села.

Во врска со споменикот во Слупчане, Села вели дека луѓето имаат потреба и од патишта и од канализација, но и од култура, фолклор и споменици и на овие работи не треба да им се дава етничка нота.

-Не е Али Ахмети она што си го замислува Мицкоски дека е, па му го крева рејтингот. Во културата кај Албанците има нула инвестиции. Не може Охридскиот рамковен договор да ни биде прв збор во секој разговор, а да ги третираме тие што го донеле да го третираме двојно. Децата на бранителите имаат право бесплатно да студираат на Тетовскиот универзитет, а децата на борците од УЧК кои се залагаа за легализација на истиот тој Универзитет го немаат тоа право, вели Села и додава дека заслугите не се на Ахмети туку на оние кои си го дадоа животот за таа работа.

Села вели дека Ахмети е класичен манипулатор и дека не може да предводи зелена агенда некој кој владее со општини каде што има најмногу дива сеча или се палат трски. Села ја толкува зелената агенда како нешто со што Ахмети би можел да излезе на избори.

-ДУИ сака по секоја цена да биде на власт. ДУИ владее 20 години и ниеден не лежел затвор за малверзации. Зошто? Затоа што го имаат зафатено цело судство и вршат контрола врз судството, вели Села и додава дека концептот е да се богати партијата, а тоа веќе го видовме со Груевски и палатите и богатството. – Јас се надевам дека и Ахмети еден ден ќе заврши како Грувски, вели Села за Утрински брифинг.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

eighteen + thirteen =