Села: Како земја кандидат за ЕУ, треба да побараме помош за спорни правосудни случаи од надворешни судии

You must need to login..!

Опис

Имавме неколку бурни месеци, а требаше да бидат едни обични локални избори. За збиднувањата за време и по локалните избори во денешен Утрински брифинг на овие актуелни теми поразговаравме со Зијадин Села, претседател на Алијанса за Албанците.

-Секогаш изборите, сеедно дали се локални или парламентарни, предизвикуваат оставки. Премиерот најави дека ќе поднесе оставка. На неколку наврати Заев има дадено јавни ветувања и ако по нешшто се памти е што не се држи за ветувањата, па затоа опозицијата не веруваше дека навистина ќе поднесе оставка, вели Села.

Се случи и драстична смена во владејачката гарнитува со излегувањето на Беса од Владата и нејзино заменување со Алтернатива.

-Оставката што беше поднесена вчера, а денеска треба да се констатира е на седница за пратенички прашања. Не мораше премиерот да ја поднесе оставката токму ден пред патенички прашања, можеше да почека да имаме пратенички прашања за да зборуваме за низата скандали од последниве месеци, вели Села.

Тој додава дека пратениците имаат прашања до власта: вчера беше пуштен Мијалков, имаше спорен список за помилувања и други работи за кои ние пратениците сакавме да го прашаме. Со неговото заминување не заминува целата владејачка гарнитура, коментира Села.

Села вели дека имал можност да го гледа Димитар Ковачевски во Собранието кога се носел буџет, му честитал на новата позиција и изрази надеж дека ќе даде придонес кон демократијата и излезот од кризата.

-Сега се наоѓаме во потешка ситуација отколку во времето на Груевски. Оти тогаш имавме надеж за прмена. Сега имаме полоша ситуација во правосудството. Секој ден гледаме дека пак се владее по истата логика, само имињата се сменети, вели Села.

Села вели дека треба, како земја кандидат за влез во ЕУ, треба да побараме помош за правосудството од Унијата без оглед што сѐ уште не сме членка и не сме се откажале од дел од суверенитетот. Тој смета дека треба однадвор да дојде некој да суди во спорови за кои постои сомнеж.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

2 + eight =