Села: Бојкот на локалните избори им одговара само на ДУИ, преговори за опозиционен фронт нема, тајните служби го имаат крајниот збор за давање на државјанство

You must need to login..!

Опис

Која е логиката ако продолжиме со почнување на попис и прекинување на истиот. Има една изрека која вели – што се случува еднаш може и да не се повтори, што се случува два пати ќе се случува и понатаму. Сега 20 години нема попис, и ако и овој се прекине, мислам дека ќе дојде време кога ќе речеме 30 години нема попис, а тоа ствара големи проблеми од секој план, политички, економски. Да не знаеш колку ти е населението кое живее во Северна Македонија, а секоја година да планираш буџети, мислам дека тоа би им био во полза на олигарсите, а не на граѓаните, изјави Во Утрински брифнг, лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села.

Говорејќи за фингерпринт на изборите, Села вели дека е тоа е добра и потребна работа.

Во процедура сме да го заштитиме правото на граѓаните да се определат и да гласаат, да не се манипулира и кади нивниот глас и суверенитет. Од завршувањето на послдните парламентарни избори имаме кривични пријави а над 100 гласачки места, а до ден денес немам одговори од одредени обвинителства. Целта наша е еднаш засекогаш да се спречи злоупотребата. Фингерпринтот е еден начин да се стави крај на ова, ние го поддржуваме.

За евентуална одлука за бојкот на изборите, Села смета дка треба да се седне, да се разговра и вели дека стратешки тоа може да оди во прилог само на ДУИ и на никој друг.

Ние имаме задача да доденесме промена кај албанското општество. Тоа е една тешка одлука и туку така не може да се донесе. Локалните избори стратешки политички не се во ред да се бојкотираат, бидејќи нема повторување на истите. Ако бојкотираш четири години нема локална власт, а промена е неопходна и на локално и на централно ниво.

Бараме и предвремени избори и ново мнозинство. Ние би коалицирале со сите кои ќе ги прифатат нашите политички определби, зацртани во нашата програма. Комуникации како политички партии имаме, но ако ме прашувате дали јас ллично разговарам со некој во врска со идно коалицирање, одговорот е не. Тоа се гледа и по одлуките кои се носат во Собрание. Имаме закон за попис кој ВМРО-ДПМНЕ го бојкотираше, а ние го поддржавме и без нас тој закон немаше да помине. Договарање за опозиционен фронт нема, вели Села.

Говорејќи за Законот за државјанство, Села вели дека неможе Македонија пред портите на ЕУ, да биде држава во која службите го даваат последниот збор. Тоа се држави кои припаѓаат на друг менталитет на истокот. Администрацијата треба да гледа кој исполнуава услови, а кој не. Мислам дека не е во ред да се има дефиници во кои се вели „за иселеници да го вратат државјанство имаат право до прво колено, освен тие што си заминале во матична дрќава“. Која е матичната држава на еден граѓанин кој е тука исселен во друга држава? Ова се дефиници кои имаат за цел да ги заштитат договорите помеѓу бивша Југославија и Турција, кога и со сила граѓани беа истерани од оваа држава.

Целиот разговор каде Села говори и за здравствената криза, за состојбите во судството, за предметот „Монструм“ погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 × 5 =