Секуловски од ЗНМ: Новинарите добија кривичен спор против сајбер насилник

You must need to login..!

Опис

Повторно има негативна кампања и на социјалните мрежи, но и реално, а насочени се главно кон лекарите и новинарите. Една лекарка од Охрид беше физички нападната, а д-р Софијанова беше изложена на напади на социјалните мрежи. Кога сајбер насилниците ќе ги прошират нападите на семејствата на жртвите, работата станува многу посериозна. На оваа тема во Утрински брифинг поразговаравме со Драган Секуловски од ЗНМ.

-Непосредно пред празниците добивме пресуда во полза на ЗНМ во која е осудено едно лице кое напиша недоличен коментар со дискриминација на фан страната на ЗНМ. Ние имаме повеќе процеси, но ова е прв пример судот и обвинителството да застанат на страна на новинарите. Тој е осуден за делото „ширење омраза преку компјутерски системи“, вели Секуловски.

Станува збор за осудениот Сашо Митев кој се обратил со агресивен и недоличен речник.

-ЗНМ има добиено повеќе пресуди, но главно граѓански за клевета и навреда. Овој кривичен случај е многу значаен затоа што се прекршува неказнивоста на овој тип кривични дела, говор на омраза, кои потоа можат да предизвикаат и физички напади и напади врз имотот на жртвите, вели Секуловски.

Различни ставови се добредојдени, но говор на омраза не е прифатлив во коментарите на фан страниците на медиумите.

-Ова се дела за кои се нема доволно познавање во институциите и затоа ние новинарите мораме да им помогнеме. Кога го читаме образложението на оваа пресуда, гледаме дека на лицето му се одземени компјутер и мобилен телефон, откриен е и неговиот идентитет, а во пресудата стои опција дека ЗНМ може да го гони лицето за надомест на материјална штета. Ние немада го сториме тоа оти поентата ни беше да покажеме дека говорот на омраза е казнив, дека се казнува објавување на имиња на членови на семејството и деца на социјалните мрежи, дека се казнува говор против одреден етникум итн., вели Секуловски.

Во принцип се работи за повеќе или помалку ист број луѓе кои го прават тоа насилство на социјалните мрежи. Можеби е време да се направи и регистар на ваквите луѓе. Некои од нив се вработени во институции кои не би толерирале таков однос.

-Таквите луѓе користат различни профили и различни платформи, но тука веќе станува збор за психопатологија. Станува збор за демнење и обвинителот треба да има обврска да ги гони. Мислам дека треба да има посебно одделение во Обвинителството кој ќе се занимава со ваков тип на насилство, вели извршниот директор на ЗНМ, Драган Секуловски за Утрински брифинг.

Проследете го целиот разговор во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

2 × 5 =