Секуловски: Ако нема безбедност на новинарите не може да очекуваме квалитетни информации во нивното известување

You must need to login..!

Опис

Измените на Кривичниот закон со кој ќе се овозможи поголема заштита на новинарите е во собраниска процедура но никако да дојде на дневен ред пред пратениците. ЗНМ и ССНМ ќе побараат од Собранието да ги донесе измените зошто премногу се доцни и новинарите предолго чекаат на овој потег.

ЗНМ и Синдикатот пред неколку години иницираше измени на кривичниот закон во делот за поголема заштита на новинарите и медиумските работници. Со нападот на новинарите и медиумските работници практично се напаѓа и правото на информирање на граѓаните и на тој начин физичкиот напад и закана кон еден човек станува закана кон целото општество, а од друга страна РСМ како земја има повеќе обврски кон своите партнерски организации во Европа и во светот.

Советот на Европа и ЕК укажуваат на проблемот дека безбедноста на новинарите е критична и дека треба да се преземат системски мерки со цел истите да се решат, вели Драган Секуловски, извршен директор на ЗНМ во гостувањето во Утрински брифинг.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

11 + 1 =