Сексуалните работнички кои работат на „отворена сцена“ почесто трпат насилство, дури и од полицијата

You must need to login..!

Опис

Невладината организација ХОПС-опции за здрав живот од 2001 година работи за остварување на правата на сексуалните работнички. Директорката на ХОПС, Хајди Штерјова- Симонивиќ денеска во Утрински брифинг зборуваше за насилството кое го трпат сексуалните работнички.

-Најважно е да се издејствува декриминализација на работата на сексуалните работнички. Во моментов нивната работа претставува прекршочно дело. Поради стигмата и предрасудите тие се соочуваат со секакви форми на насилство. ХОПС и организациите како Стар Стар која е организација основана од сексуални работнички и други организации од земјава не молчат и не замижуваат пред насилството кое што го трпат сексуалните работнички. Станува збор за родово базирано насилство но и семејно насилство. Ме радува фактот што ова насилство почна да се препознава и од другите организации кои штитат човекови права и даваат поддршка во борбата да се сопре насилството на сексуалните работнички, вели Симоновиќ. Таа тврди дека институциите не реагираат на насилството кое го трпат сексуалните работнички.

-Многу често се случува и претставници од полицијата вршат одредени форми на насилство врз сексуалните работнички само затоа што се занимаваат со работа која во Македонија се смета за прекршочно дело. Сексуалната работа е доброволно давање на сексуални услуги за пари помеѓу две возрасни лица. Оттука ние се залагаме да ја декриминализираме сексуалната работа, за да не мораат сексуалните работнички покрај од клиентите, насилство да трпат и од институциите, нагласи Симоновиќ.

Таа потенцира дека сексуалната работа не треба да се поистоветува со трговијата со луѓе, сексуалната експлоатација или злоставување на малолетни лица.

-Ние во 2008 година бевме сведоци на еден страшен настан каде токму на ова место се случи рација на 23 жени. Тие беа однесени во полициска станица и држени повеќе од 20 часа, присилно тестирани. Некои од нив беа и кривично обвинети само затоа што се покажало дека се позитивни на Хепатитис ц, дури беа и условно осудени. Ние ги застапувавме во сите постапки за да докажеме дека нивните права се прекршени. Во една од постапките Основниот суд потврди дека полицијата грубо ги прекршила захарантираните човекови права со Европската конвенција. За жал Апелација не сметаше така, а тој предмет во моментов се наоѓа пред Европскиот суд за човекови права и доколку Европскиот суд утврди повреда на човековите права тоа ќе биде голема победа за сексуалните работниочки, со тоа што ќе докажат дека треба подеднакво да уживаат во човековите права, вели Симоновиќ. Сексуалните работнички кои работат „на отворена сцена“ се поизложени на снасилство за разлика од тие кои даваат услоги зад затворени врати, во хотели и домови.

-Насилство трпат и тие кои даваат услуги похотели, хостели и станови, но во помала мера за разлика од оние кои тоа го прават на уллица. И едните и другите не се охрабруваат да пријават бидејќи немаат доверба во институциите. Од почетокот на годината до септември месец регистрирани се над 80 случаи на различни форми на насилство, регристриран е и еден фемицид. Фемицид на сексуална работничка беше регистиран и лани, а за овој случај истрага се покрена дури по една година од настанот. Се уште не знаеме дали ќе има обвинети или осудени за убиството на сексуалната работничка, рече Симоновиќ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

16 − 12 =