Секое утро училишни часови на телевизија

You must need to login..!

Опис

ТВ – училница на МРТ. Трите канали на националниот телевизиски сервис МРТВ ќе емитуваат едукативни содржини за предучилишна возраст и по предметите што се изучуваат на училиште. Секој ден од 10:30 до 12.15 часот. ТВ-училницата е поддржана од Министерство за образование и наука Министерство за образование и наука | Биро за развој на образованието, ОХО продукција, МРТВ 5+ Фамилија и UNICEF MK. Во реализирањето содржини вклучени се воспитувачи од градинките и наставници од основните училишта.

Гостин во Утрински брифинг беше извршниот продуцент на ОХО, Пеце Талески, кој говореше за важноста на ваквите проекти во моменти кога формалното образование (одење во училиште) во Македонија е ставено на „stand by“.

Морам да ги пофалам и наставниците кои прифатија и беа доволно храбри да прифатат да учествуваат во овој дел од проектот. Различни професии на различен начин придонесуваат во вакви ситуации.

Говорејќи за важноста на медиумите во време кога е прогласена светска пандемија Талески вели дека луѓето конечно почнаа да ги разликуваат лажните од вистинските информации.

И Англичаните кои почнаа со дистрибуција на лежерни и на еден куп на иодиотски вести сега сфатија дека е глупост стекнување на автоимунизација преку одење на фудбал, дека тоа нефунционира, па се префрлија на препораките од СЗО. Како што може да приметите полека од социјалните мрежи изчезнуваат тие глупости дека можеш да се излечиш ако пиеш ракија или солена вода.

Глупоста на човекот постои, но исто така постои и паметта. Една од прилчините зошто ја правиме оваа ТВ училница е да отвориме канал за комуникација. Сите информации кои ќе ги добиете можете понатаму да ги користите како дел од вашето секојдневие. Отворени се телефоните, отворен е ФБ, Твитер. Програмата оди во живо и после може да се гледа на платформите на МРТВ.

Се надевам овој проект дека ќе трае кратко, но како што стојат работите ќе се оди до крајот на мај. Но она што е најбитно, ако се споредуваме со околината бевме побрзи од другите земји, не само во брзината туку и квалитетот на производот.

Морам да напоменам дека за време на кризава, Владата за прв пат препозна дека образованието е битно и во овие кризни времиња да видиме како може образованието да го промениме. Се надевам дека овој залет кој што сега го фативме ќе може понатаму да го туркаме, вели Талески.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

12 + 16 =