Секирарска: Се наоѓаме на „минско“ ковид поле – Потребна е сеопфатна анализа и директна соработка за тоа како ќе се започне со новата учебна година

You must need to login..!

Опис

Она што е сигурно и јас постојано го повторувам низ овој мачен пандемичен период е фактот дека не постои учител на кого не му недостасува училницата. Искрено жалам што можеби се создаде атмосфера во која ние како наставници имавме незаслужен статус како луѓе кои не сакаат да одат на работа. Тука зборам за тивката или силна иницијатива на дел од родителите кои целиот овој период инсистираа децата да се вратат во клупите под закрила на фактот дека доколку не се во училница ќе останат неписмени и слично. Училниците се нашиот базичен учебен простор каде разменуваме емоции, каде ги гледаме децата како растат и созреваат и учиме едни од други. Останува фактот дека тој учебен простор на сите ни недостасува. Но ако појдеме од фактот дека овој ваков силен галоп и непредвидливи манифестации на короната, би рекла дека треба да се биде многу внимателен, изјави во Утрински брифинг професорката Елизабета Секирарска.

-Многу е дискутабилно. Сите сценаријатребад а се одмерат. Треба да се почека и да се биде внимателен и потребна е директна соработка на сите кои се инволвирани во воспитно-образовниот процес. Мора да се следи внимателно епидемиолошката состојба, додава Секирарска.

-Лично сметам дека вакцината сега е едниствениот избор. Се работи за многу силен непријател, веќе не знаеме со што имаме работа и од каде може да не погоди. Не е мое да осудувам, но јас сметам дека колективна свест може да се оформи само со индивдуална свест. Секој наставник треба да се вакцинира, ќе работи со деца, а со тоа се заштитува себе си и самите деца. Имунизацијата е единственото решение сеа. Треба да излеземе од стегите на антиваксерство. Немаме време за губење, смета Секирарска.

Интегралното интервју со проф. Елизабета Секирарска погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

15 − ten =