Сезоната на алергии е во тек, родителите да препознаат дали се работи за вирус или алергиска реакција

You must need to login..!

Опис

Кашлицата која е еден од првите симптоми на вирусот ковид-19, е исто така и показател за алергиска реакција. Со цел да нема забуна кај родителите, дали нивното дете е позитивно на коронавирус или пак покажува алергија, денеска во Утрински брифинг доктор Јасна Јермилова, долгогодишен педијатар ги објасни разликите и симптомите помеѓу вирусната и алергиската реакција.

Алергиите се разликуваат од останатите болести кај децата, како што се инфекциите на респираторниот тракт од вирусно потекло по тоа што не се проптатени со покачена телесна температура. Симптоматологијата во однос на клиничките знаци може да биде иста, меѓутоа општата состојба на детето при инфекција на респираторниот тракт при вирус и алергија е сосема различно. За да се случи алергиска реакција прво мора да постои изложеност на алергени, по што се случува симптоматологија локализирана во горниот респираторен тракт, односно носот, очите и устата. Тоа значи детето почнува да кива, да кашла и тоа во ноќните часови и да има солзење во очите. Додека пак доколку има респираторна инфекција состојбата е потешка. Детето е нерасположено, се гледа дека боледува, дека нешто му се случува. Како знак за препознавање е и времетраењето. Алергиските реакции се подолготрајни додека вирусните инфекции се краткотрајни,односно траат неколку дена, вели д-р Јермилова.

Таа нагласува дека родителите секогаш треба да се консултираат со педијатар пред да преземат било какво дејство за лекување на болното дете.

-Откако започна пандемијата од ковид-19 многу родители се плашеа да ги донесат децата во ординација, стравувајќи да не се заразат со вирусот, па на своја рака ги лекуваа децата. Тоа е многу погрешно. Ние во ординациите секогаш се придржуваме до протоколите за работа, и не претставуваме опасност за ширење на инфекцијата, потсетува д-р. Јасна Јермилова. Најкритични месеци за појава на алергија се од април до септември. Со завршувањето на цветот на амброзијата, почнуваат зимските месеци и се намалуваат алергиските реакции.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five × 1 =