Светски ден на учителите – децата немаат стравопочит како порано

You must need to login..!

Опис

Стравопочитта која порано учениците ја покажуваа кон наставниците, сега е заменета со меѓусебен пријателски однос. Понекогаш тоа дава добри резултати, но знае да биде и меч со две острици. Ова денеска, на одбележувањето на Светскиот ден на учителите, го истакна Соња Кирковска, директорката на најстарото основно училиште во Македонија, „Кирил и Методиј“.

– Да се биде учител е голем предизвик секогаш, а особено во денешно време, кога живееме во пандемија. Тоа е една благородна професија, ние сме вторите мајки и татковци. Нашиот предизвик е голем затоа што покрај едукацијата, ние треба и да ги воспитуваме децата.  Меѓутоа многу работи се  променети од времето кога јас бев ученичка, тогаш повеќе се почитуваа наставниците, денеска за жал не е така, и многу повеќе труд се вложува за да се добие вниманието и почитта на ученикот. На пример, ретко во кое училиште може да се види учениците да станат и да му посакаат добар ден на наставникот кога влегува во училница, вели директорката Соња Кирковска.

Таа вели дека минатогодишното отсуство од училиште придонесло до тоа учениците да изгубат дел од училишните навики, а најголеми потешкотии имаат со првачињата.

– Голем дел од првачињата минатата година воопшто не посетуваа градинка. Тоа значи дека сега повторно е потребен период на адаптација. Постојано внимаваме на тоа да се почитуваат протоколите, правиме натчовечки напори за децата да не дојдат во контакт со вирусот. На голем одмор на децата им е дозволено да излезат во училишниот двор, но тие се под постојан мониторинг на наставниците. Досега само едно дете од нашето училиште посетува он лајн настава, а три деца не ја започнаа наставата од причина што претходно биле заразени со Ковид.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

2 × 3 =