Светските лидери исправени пред теориите поврзани со КОВИД-19 и прашањето како светот да се справи со вирусот

You must need to login..!

Опис

Што би се добило доколку Советот за безбедност сега расправа за кризава со пандемијата? Се плашам дека огрoмен дел од земјите би го впериле прстот во Кина како најголем виновник за ширењето на пандемијата, па дури и да се обвини дека намерно го проширила вирусот и дека им избегал од лаборатириите за испитување на вируси во Вухан и тоа би се претворило сите против еден. Мислам дека поголемиот дело од земјите членки би сакале да ја избегнат таа ситуација, изјави за Утрински Брифинг новинарот и аналитичар Љупчо Поповски посочувајќи ги причините зошто Советот за безбедност на ОН се уште не расправа за кризата предизвикана од КОВИД-19, додавајќи и дека оваа криза ги зафати сите земји неподговотвени.

-На кој начин да комуницираат земјите ако треба да испратат свои претставници во Њујорк. Летовите се прекинати. Можеби предвиделе дека не е можно се да се остави во рацете на амбасадорите таму. Така што сите се фатени на препад – здравствените работници, политичарите, бизнисмените. На светот ќе му треба време да се привикне на новата реалност и да почне да работи според други принципи. Мислам дека тоа е главната причина, вели Поповски.

-Ако се сеќавате пред две-три недели Трамп го нарекуваше КОВИД-19 кинески вирус. Па потоа, поради притисокот од неговите советници престана да го користи. Но ете од вчера Трамп повторно се врати на тоа дека на вирусот им избегал на кинзеите од лабораторијата во Вухан каде експериментирале со лилјаци. Но сега не е пшрашање дали Кина треба да се обвини. Точно е дека кинезите еден месец ги потиснуваа вистинските информации. Сменети беа раководителите во Вухан, но сега прашањето е како светот да се справи со вирусот, а не да бараме виновници. Тоа нема да го намали бројот на жртвите, изјави за Утрински брифинг, Поповски.

Околу стопирањето на финансирањето на СЗО од страна на САД, Поповски вели дека дел од лошиот одговор е во процесот на транзиција на лидерството во СЗО. И токму во тој процес на транзиција на лидерството се случиле некои пропусти. Но сметам дека СЗО ги даваше информациите според упатствата и информациите добиени од кинеските власти, а тие ги супресираа информациите дека вирусот се пренесува од човек на човек. И тука СЗО беше доведена во заблуда и ако се бара виновен кој е донесен во заблуда прстот треба да се впери во Кина а не кон СЗО. Сметам дека проблемот со финасирањето СЗО ќе го надмине. Тука е Бил Гејтс кој досега има дадено 2.400.000.000 долари во СЗО како лични средства.

Околу пропагандната активност на кинезите и бранот на донации кон други држави и некои политички групации и фактори кои се обидуваат да најдат некоја политичка корист од пандемијата и ставот на НАТО дека во Македонија ќе формира специјална група која што треба да се бори со лажните руско-кинески вести, Поповски вели дека Кинезите водат исклучително добра пропагандна војна која во голема мерка тие и ја добиваат.

По првиот удар на ширењето на заразата, Кина сака да ја сврти целата работа како земја која што ја добила војната против КОВИД-19 и сака начинот на тоа добивање на војна да го пренесе и кон другите земји. Тоа во Европа стигна до Белград и тргнува да оди понатаму. Во Азија е присутно во повеќе земји. Но тие искуства не знаеме дали се целосно успешни, затоа што има огромен број на сомневања дека бројот на заразени и починати во Кина не е точен, затоа што за да се прикријат гголемите жртви тоа е направено како успешна борба која завршила во рок од еден месец, а според искуствата од Италија ние гледаме дека тоа не е е можно, заклучува Поповски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

16 + 20 =