Сарачини: Општеството е бомбардирано со лажни вести – потребен е попрецизен механизам за справување со дезинформациите

You must need to login..!

Опис

Феноменот на лажни вести во последните денови расте. Претпоставувам дека тоа се поврзува со начинот на кој се одвиваат политичките процеси во земјата. Голем квантум на тие дезинформации и лажни вести се поврзани и со пандемијата и за жал тоа е ситуација која го отежнува справувањето со болеста, не само како институциите се справуваат со пандемијата, туку и на начинот на кој граѓанитеги добиваат тие дезинформации и тоа понатаму влијае на нивниот пристап кон болеста, изјави во Утрински брифинг новинарот и колумнист, Петрит Сарачини.

Лажнит евести создаваат ситуација на хаос, недоверба, страв, затоа што навистина во цела оваа бука на информации во кои секојдневно живееме, дигитална ера, буквално сме бомбардирани секојдневно навистина е тешко да изберете, смета Сарачини.

Дезинфомациите, шпекулациите и лажните вести е за жал начин на кој што политичките актери се борат и кнкурираат на пазарот на политиката и се обидуваат на граѓаните како подобра опција. Овие дезинформации за жал поминуваат добро. Кога вие сте бомбардирани со лажни вести и дезинформации пага гардот. Може одреден период да бидете резистентенкон овој феномент, но доколку постојано бидете „нападнати“ од лажни ести едноставно ќе дојдете во ситуација после едно време да не можете тој гард да го држите високо и да се одбраните, вели Сарачини.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

19 − 4 =