Сарачини: Има предновогодишно намалување на говорот на омраза, ама по Нова година веројатно ќе биде исто

You must need to login..!

Опис

Цивил медиа со години работи на мониторинг на медиумите и го следи говорот на омраза. Откако поминаа изборите и предизвикаа тензија во општеството и медиумите. На оваа тема во Утрински брифинг разговаравме со Петрит Сарачини.

-Секако дека тензијата е намалена, и во традиционалните и во онлајн медиумите како и на социјалните мрежи, иако таа перманентна кампања која трае со години си продолжува. Изборите завршија и условно се враќаме во нормала. Условно, оти пропагандата си продолжува како и црната кампања. Но тука како теми влегуваат не само партиите туку и лажните вести за вакцините, како и други работи поврзани со секојдневните политички случувања, вели Сарачини.

Опозицијата евидентно го намали црниот говор и се обидува да го намали трендот на лични навреди.

-Тоа е некое преформатирање, препакување на речникот. И во новата доктрина на ВМРО ДПМНЕ има етноцентричен говор. Но има и некои нови кованици како што е „македонскиот човек“. Ако повикате на заеднички патриотизам со другите заедници би требало и да ги споменете, а тоа не се прави, вели Сарачини.

Имаше и говор на омраза и против Бугарија, иако и кај нив на социјалните мрежи се случува истото.

-И тука има некое намалување на интензитетот. Со исклучок на ситуации кога има пораки од бугарските власти дека повторно ќе стават вето на нашата евроинтеграција, што е природно да предизвикаат гнев, пожесток говор кај граѓаните на земјава. Граѓаните тука се изморени од ова лимбо, предолго чекаме за почеток на преговори, па пораките за вето природно предизвикуваат незадоволство, вели Сарачини.

Се оставаат 100 дена мир по изборот на функционерите. Кога станува збор за градоначалничката Данела Арсовска се чин дека тоа не е така, а тоа е предизвикано од нејзиниот избор со јавноста да комуницира преку Фејсбук. Сарачини вели дека и со почитување на тие 100 дена има теми кои ги интересираат граѓаните, па упатно е да се искомуницира за тие теми. Дел од работата на политичарите е и комуникација со медиумите, додава Сарачини.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

seventeen + 11 =