🎥📞 Сарачини: Водите хајка против една идентитетска карактеристика на цел народ!

You must need to login..!

Опис

Последниве два месеци се води една хајка околу честитката на Спасовски искажана на ромски јазик. Но ова морам да кажам дека не е хајка против Спасовски, туку против една идентитетска карактеристика на цел народ (Ромите) – јазикот, изјави за Утрински брифинг, Петрит Сарачини, новинар, граѓански активист.
Исмевачите не се потрудиле да дознаат дека Спасовски знае добро и ромски. Растел во такво кумановско маало, се потрудил да ги научи и разбере комшиите.

Нормално, тие што исмеваат не знаат ниту збор ромски, освен пар пцовки. А не се исмеваат со Спасовски, туку со Ромите, нека е јасно.
ВМРО-ДПМНЕ со години ја користи омразата кон различните, кон Албанците, Ромите ги користи како модус операнти, со цел да ја набилдаат партиската машинерија, вели Сарачини.

Претходно и на својот ФБ профил Сарачини напиша дека Спасовски е тука само спотер на политичка омраза, преку кој го изјавуваат и својот расизам и ксенофобија. Колку и да го кријат, од некаде ќе излезе. Просто е појако од нив.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one × 2 =