Само 30 проценти од граѓаните во Македонија се дигитално писмени

You must need to login..!

Опис

Влијанието од ковид кризата и последиците од Руско-Украинската војна, многу силно се одразија на нашата економија, која ни е кревка и истоштена, поради што мораме да бараме нови начини за пласман на производите. Дигиталната економија е нова и недоволно истражена област кај нас, исто како што е недоразвиено женското претпримеништво. Затоа и ја органнизиравме конференцијата на тема „Од марш за работнички права до дигитална економија“, под покровителство на првата дама г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска, рече денеска во Утрински брифинг, Неда Малеска Сачмароска извршна директорка на Центарот за Управување со промени – ЦУП.

  • Од неактивните барачи на работа, 64 проценти се жени. Затоа сакавме да ги поттикнеме жените да се вклучат во пазарот на трудот, при тоа да се искористат можностите што ги нуди оваа дигитална економија, бидејќи ако не го направиме тоа, ќе заостанеме со новите трендови кои се случуваат во светот и околу нас. Очекуваме и државата да помогне во зајакнување на дигиталните вештинни кај жените, вели Сачмаровска.

Таа нагласува дека населението во Македонија многу заостанува во дигиталната писменост.

  • На ниво на дигитална писменост на севкупното население според статистиките на Евростат, Македонија бележи ниско ниво на писменост, со околу 32 проценти на дигитално писмено население, од кои најмногу се млади. За разлика од кај нас, просекот на Европската Унија е околу 60 проценти, додека во Велика Британија 78 проценти од населението е дигитално писмено, објаснува Сачмаровска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

two × 1 =