🎥 📞 Самоил Петрески: Пораст на друштвените игри – се случува вистински бум насекаде во светот

You must need to login..!

Опис

Дивижн Маркетинг студиото во соработка со Неотел не повикаа на проект друштвените игри да се играат он-лајн. Има една платформа boardgamearena.com, на кој што може бесплатно да се регистрирате и да играте игри кои вие ќе ги одберете, изјави за Утрински брифинг, Самоил Петрески од „Гоблин“.

До сега има стотици играчи пријавено. Денеска во 7 часот почнуваме. Се игра едно до две кола, продолжува утре во исто време, за во недела да се играат финалињата, додава Петрески.

Јас и моето друштво сме со друштвените игри уште од деведесетите. Не беше целта профит. Гоблин е отворена 2003 година и од тогаш работиме со друштвени игри и сложувалки. Кога се рашири он-лајн играњето сите мислеа дека луѓето ќе се префрлат на онна овој начин на играње, но тоа многу кусо траеше. Напротив луѓето се заситија од седењето пред монитор и увидоа дека не е добро и здраво таква навика. Сега има пораст на друштвените игри и се вистински бум насекаде во светот, вели Петрески.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

20 − 16 =