🎥 Салиу: Целосна интеграција на Ромите во општеството е наш врвен приоритет

You must need to login..!

Опис

Ние сме во Коалиција со ВМРО-ДПМНЕ подолго време. И морам да кажам дека додека ВМРО-ДПМНЕ е на власт ние имавме големи бенефиција и добивме повеќе права. Интеграцијата на Ромската заедница ќе продолжи со доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ, изјави за Утрински брифинг Шабан Салиу , Демократски сили на Ромите.

-За помалите етнички партии е битно да се во власт. Програмите може да ги реализираме само кога сме на власт. Нашата партија има 42 ограноци и имаме голем број на гласачи. Ние не се сметаме за мала партија бидејќи имаме гласачи во сите изборни единици.

Говорејќи за состојбата на Ромите Салиу вели дека во моментов имаме една хаотична состојба, бидејќи интересот на на одредени ромски невладини организации е приграбување до власта, како и расцепканоста на ромските партии.

-Инклузијата на Ромите зависи од тоа кој е на власт. Надежта во декадата на Ромите за подобар живот не се оствари, тука гледам вина и кај политичарите и кај државата. Акционите планови се водеа од структури кои не ја исполнија својата задача. Никаков бенефит ромската заедница не виде од оваа „Декада на Ромите“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

1 × one =