Салиху: Не радува големиот интерес за „Зборувам на јазикот на мојот другар“

You must need to login..!

Опис

„Зборувам на јазикот на мојот другар“ како една од главните активности на Стратегијата на Град Скопје за меѓуетничка интеграција и граѓанска вклученост.

Во рамките на овој проект ќе бидат реализирани бесплатни тримесечни курсеви за изучување на македонскиот, албанскиот и турскиот јазик наменет за учениците и наставниците чиј мајчин јазик е различен од оној на избраниот курс.

Курсевите се реализираат во училиштата „Здравко Цветковски“, „ Никола Карев“, „Владо Тасевски“, „Арсени Јовков“, „Д-р.Панче Караѓозов“, „Боро Петрушевски“, „Зеф Љуш Марку“, „Јосип Броз Тито“, „Димитар Влахов“, „Георги Димитров“ и „Браќа Миладиновци“.

Во останатите училишта на Град Скопје вакви курсеви предвидено е да бидат организирани во првото полугодие од наредната учебна година.

Веќе има голем интерес за овие курсеви. Тоа не радува.

Се работи за околу 1.200 луѓе кои претежно се ученици, изјави за Утрински брифинг Ваљон Салиу, портпарол на град Скопје.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 + fifteen =