Саити од Црвен крст: Горди сме на нашите волонтери кои и сега во време на пандемија се во првите борбени редови

You must need to login..!

Опис

Црвениот крст на Република Северна Македонија 25 години бележи значајни достигнувања во својот развој, надградба на капацитети, реформи во правна рамка, програмска и проектна соработка со домашни и меѓународни организации, за што е добитник на многу признанија и награди како и со сертификат за силно национално друштво. Соочен со многу предизвици во изминатиот период кои ги надмина со преземање на итни и конкретни мерки, успеа да одговори на истите за што говори домашната и меѓународната јавност.

Во 1995 година Црвениот крст на Република Северна Македонија стана рамноправен член на Меѓународната федерација на националните друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина.

Гостин во Утрински брифинг беше Генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити, кој истакна дека за светскиот ден на волонтеризмот ќе имаат настан под појкровителство на претседателот Пендаровски, кога на сите волонтери ќе им се оддаде признанија во врска со активностите кои ги имаат во време на пандемијата. Оваа година приознаието ќе биде за сите волонтери кои се над 2.000 на број. Не можеме да одвоиме никого и затоа сите ќе бидат наградени.

-Волонтеризмот е идеологија на Црвениот крст и ние вложуваме во него. Направивме преглед и во моментов има 2.500 вклучено кои се вклучени во разни активности. Ние не сме државна институција и во Македонија има посебен легс специјалис. Ние имаме улога и на помагање на властите, аполитична организација. Повењќето од парите ги добиваме од проекти- внатрешни и надворешни. Имаме 33 општински организации. Во нашите редови имаме и 10.000 волонтери кои повремено се вклучуваат во работата. Професионално има ангажирано нешто над 150 лица.

Целиот разговор со Генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити погледнете го во видеото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

sixteen + five =