Саздов: Најмногу се читаат македонските писатели, но немаме доволно трилери и мемоари

You must need to login..!

Опис

Локалните приказни се секогаш поинтересни за читателската публика, вели Бојан Саздов, директор на издавачкиот центар “Три“ и претседател на Асоцијација на македонските издавачи.

„На листата на бестселери, кај нас, веќе подолго време се наоѓаат домашните автори. Во моментов „Вилино“ од Винка Саздова е најчитаниот и најпродаваниот роман од нашата издавачка куќа, имаме и други автори како Јагоа Михајлова Георгиева, Ана Јовковска, којашто неодамна ја издаде својата нова книга „Сакам, значи постојам“.

Секогаш има побарувачка и желба да се читаат локални приказни, но малку доцниме во делот на тоа што кај нас нема доволно силна и голема продукција во однос на очекувањата на читетелите. На пример, немаме доволно книги од жанрот трилер, немаме доволно политички романи, политички биографии, мемоари.

Често истакнуваме дека мемоарите на Киро Глигоров беа исклучително читани, како политички и истриски темелник“, рече Саздов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

sixteen + 16 =