Саздовски: НАТО и МО в недела ќе изложат воздухоплови на Стенковец

You must need to login..!

Опис

Во недела почнувајќи од 11 часот ќе има статично изложување на летала на МО на спортскиот аеродром Стенковец. По тој повод во Утрински брифинг разговаравме со Дејан Саздовски, управител на спортскиот аеродром Стенковец.

-Воената веба на НАТО почнува в понеделник на полигонот Криволак, а целта на оваа изложба е НАТО да се доближи до граѓаните. Аеродромот Стенковец ќе бидат домаќини на НАТО и ќе бидат прикажани повеќе воздухоплови кои ќ се користат на вежбата. Ќе има 12 различни видови хеликоптери, меѓу кои и Чинук, а ќе има и беспилотни летала. Со воздухопловите граѓаните ќе моат да се фотографираат и да ги видат одблизу, вели Дејан Саздовски, управител на спортскиот аеродром Стенковец.

Тој додава дека се најавени прелети на три грчки Ф-16 авиони кои ќе прелетаат прилично ниско над пистата, како и на два италијански А-10 авиони.

Настанот официјално започнува од 11 часот со тоа што МО ќе има огранизиран бесплатен превоз со тргнување од спортската сала „Борис Трајковски“. Автобусите ќе тргнуваат во 9 часот, а враќањето е од 13 часот. Оние кои ќе доаѓаат со сопствени автомобили треба да знаат дека ќе треба да се паркираат на околу 400-500 метри од Стенковец затоа што нема капацитети за паркирање голем број автомобили. Инаку, се очекува да дојдат околу 10.000 луѓе.

Саздовски вели дека има зголемен интерес за учење и обука за летање и за оние кои тоа сакаат да го прават од забава, но и за оние кои сакаат да започнат професионална кариера. Тој додава дека во последно време се купуваат и приватни авиони, но станува збор за мали нелуксузни авиони кои чинат колку еден поскап автомобил.

-Последнава година се купени два авиона едноседи, еден во Скопје и еден во Битола, кои чинат помалку од 10.000 евра. Ова не е супер скап спорт, има и поскапи, вели Саздовски и ги поканува граѓаните на аеромитингот на Стенковец в недела.

Проследете го целиот разговор во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

8 + fifteen =