🎥📞 Саздовски: Македонија има сериозен недостаток на пилоти

You must need to login..!

Опис

Моето мислење во врска со военот воздухлоплоство сметам дека следи период на прилагодување на нашето со она на НАТО. Во иднина можно е да имаме намалено воздухлоплоство бидејќи тоа е скапо за оддржување. Располагаме со транспортни хеликоптери и мал број на воени, изјави за Утрински брифинг Дејан Саздовски, од аеро клубот Скопје.

-Македонија како мала држава тешко дека ќе може да финансира некој значаен сегмент во делот со НАТО.

-Пилот се станува преку аероклубовите. Значаен дел е правењето на кадарот. Во Македонија во светот на авијацијата има два сегменти како да се стане пилот. Едниот е преку војска, другиот е како цивилен пилот преку аероклубовите. Ние правиме пилоти по наше ниво, додека комплетното дооформување за да може да лета на меѓународно небо, го завршуваат во некоја земја членка на ЕУ – или Словенија или Хрватска. Освен волја за пилот потребно е да има волја за теоретско учење, малтене како факултет, компјутерите ги заменуваат вештините, и морам да напоменам дека се повеќе жени стануваат пилоти. Тоа е светски тренд. Македонија има сериозен недостаток на пилоти, изјави Дејан Саздовски пилот и експерт за цивилна авијација.

-Многу малку родители се одлучуваат да финансираат школување на своите деца како пилоти. Тука е и делот, меѓудругото зошто се соочуваме со дефицит на кадар.

40.000 до 55.000 евра е оптималната сума која треба да се потроши за да се стане пилот, од кој поголемиот дел е надворешното студирање. Најтешкиот дел е полагањето и учењето. Има 14 испити кои мора да се положат. За да стигнете до тој момент за да се полага треба да се издвојат 10.000 евра, рече Саздовски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eight + 17 =