Саздовски за УБ: Македонија има дефицит од пилоти

You must need to login..!

Опис

Минимум години за да се почне обуката за пилот е 16 години. Летањето не спаѓа во формалното образование. Тоа што е по меѓународни стандарди и формално образование многу тешко се спојуваат. Пилот се станува преку аероклубовите. Значаен дел е правењето на кадарот. Во Македонија во светот на авијацијата има два сегменти како да се стане пилот. Едниот е преку војска, другиот е како цивилен пилот преку аероклубовите. Ние правиме пилоти по наше ниво, додека комплетното дооформување за да може да лета на меѓународно небо, го завршуваат во некоја земја членка на ЕУ – или Словенија или Хрватска. Освен волја за пилот потребно е да има волја за теоретско учење, малтене како факултет, компјутерите ги заменуваат вештините, и морам да напоменам дека се повеќе жени стануваат пилоти. Тоа е светски тренд. Македонија има сериозен недостаток на пилоти, изјави Дејан Саздовски пилот и експерт за цивилна авијација.

-40.000 евра е оптималната сума која треба да се потроши за да се стане пилот, од кој поголемиот дел е надворешното студирање. Најтешкиот дел е полагањето и учењето. Има 14 испити кои мора да се положат. За да стигнете до тој момент за да се полага треба да се издвојат 10.000 евра, рече Саздовски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

two × 4 =