Саздовски: Дронот што падна во Хрватска е од 70-тите години и работи со однапред одредени координати

You must need to login..!

Опис

Иднината на военото воздухопловство и воопшто на воздухопловството е во беспилотните летала. Тоа е секое летало кое каде што човекот каква функција и да даде командите се извршуваат преку компјутер.

-90 проценти од воздухопловите кои се произведуваат денеска се беспилотни летала. Пилотот во воздухопловот е само затоа што индустријата се уште не може да најде безбедно штитење на линкот од земја воздух, односно нема да го преземе леталото некоја терористичка група.

-Сите информации се добиваат во реално време. Таа индустрија во моментов работи и може да пушти во употреба карго воздухоплов од ваков тип без патници и поради тоа ќе ги налами трошоците.

-До сега познатото што е е дека имаме воен авион беспилотно летало, воен бомбардер беспилотно летало, а за овие помалите ги има буквално милиони и истите може да се купат и на интернет.

-Дронот што падна во Хрватска е од 70-тите години, а во 80-тите години е исфрлен од употреба. Тој повеќе личи на томахавк бидејќо нема ЏПС туку работи преку компас со однапред одредени координати.

-Не верувам дека тоа во моментов го користи руската армија, бидејќи истиот исфрлен е од употреба во 80-тите години. Најверојатно го искористиле Украинците како нешто што останало и најверојатно намената му била да биде еден вид бомба, вели за Утрински брифинг Дејан Саздовски, директор на спортскиот аеродром Стенковец.

Целиот разговор погледенте го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

four × two =