Саздовски: Во Македонија секоја година расте интересот за летањето – најавено модернизирање на „Стенковец“

You must need to login..!

Опис

Големите авио компании изгубија дел од патниците, но добија во карго транспортот кој стана супер популарен, но исто така обемот во пари е далеку помал. Авио индустријата претпре голема криза. Луѓето тешко сфаќаат дека авијацијата е многу ранлива кога се работи за падот на прометот. Авион летал нелетал троши пари. Најпластично, за луѓето да разберат, еден авион летал нелетал чини 10 милиони евра. Ако не изгенерира капитал и обрт од 10 милиони евра за да ги покрија сите трошици. После десет милиони почнува профитот, изјави во Утрински брифинг Дејан Саздовски, раководител на Спортскиот аеродром „Стенковец“.

Интересно е што оваа криза не беше криза за пари, туку здравствена. Интересно е што позади секоја авио индустрија стојат огромни банки. Сите авио компании преживеаја бидејќи банките ги финасираа. Ланскиот пад делимично се покри со карго. Ако се сеќавате авиони кои беа со седишта внатре беа модифицирани за карго летови, вели Саздовски.

Се случи бран на отпуштања во целиот свет, но оние што останаа на работа го редуцираа летањето – месец дена платено – месец дена неплатено. Тие што не останаа на работа веројатно брзо ќе се снајдат и ќе се вратат, па дури побрзо од предвидувањата, бидејќи потребата за движење на луѓето, бизнисмените е голема, додава Саздовски.

Аеродромот Стенковец

„Стенковец“ како бизнис модел е непрофитабилен – не се наплаќа полетување и слетување, тоа е трошок на операторот кој е фиксен и се прави за во Скопје да постои спортски аеродром. Оперативен е нон стоп и го користат околу 40 здруженија. Ние сме оператори на 14 моторни воздухоплови. Имаме две категории на луѓе – едни што градат кариера, најчесто млади луѓе кои сакаат да станат пилоти, а другите се аматери кои што на постари години почнуваат да се занимаваат со воздухлопловство, вели Саздовски.

Стратегијата за развој на аеродромот постои одамна. Проект до ден денеска се опбидуваме да го оствариме. Моделот и концептот не е нешто ново, тоа функционира насекаде во светот – спортски аеродром со угостителски објект. Тој нема да почне да функционира до есен. Фиансиран е од ЕУ преку Светска банка како надзор. Развојот на аеродромот и развојот на „Аеро клуб“ Скопје се базира на проекти од ЕУ кои не финасисраат за да постоиме како воздухлопловство во Македонија, вели Саздовски.

2023 година се навршуваат 100 години од почетокот на воздухлопловството во Македонија и се совпаѓа со 150 години Железници на Македонија – така што влезени сме во преговори таа година да одбележиме заеднички, додава Саздовски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

14 + 14 =