Руско-украинска криза: Лесно е да се влезе во војна, но тешко е да решиш како од неа ќе излезеш

You must need to login..!

Опис

-Мислам дека прашањето е што всушност сака Путин во Украина. Не е јасно по кој основ и зошто би почнал инвазија во земјата.

-Лесно е да се влезе во војна тешко е да се излезе, пред да се почне војна треба да смисли како би се завршила на крај. Што тоа ќе значи потоа – постојани атентати, убиства, герилско војување. Мислам дека Русите доколку влезат таму за да формираат марионетска влада не им е тоа целта.

-Украина е земја со 44 милиони луѓе и тоа не е малку, таа е и најголемата земја во Европа.

-Јас не би знаел да кажам што би било доколку нема интервенција, мистерија е и тоа што сега го прави и што планира со тоа. Најавите за напад од страна на Русија во среда се огромен притисок врз земјата од страна на разузнавачките служби за да не дојде до тоа.

-Мислам дека една од варијантите за да се повлече руската армија од границите е Украина да објави дека нема да стане членка на НАТО, вели за Утрински брифинг новинарот и колумнист Љупчо Поповски.

Според аналитичарот и новинар Дејан Андоновиќ, можен излез од целата состојба во руско-украинската криза е веста дека Украина би можела да се откаже од своите аспирации за членство во НАТО и така да ги даде безбедносните гаранции кои официјална Моосква ги бара од Алијансата – не ширење кон исток.

Целата дебата погледнете ја во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

six + fourteen =