Русе Арсов: Ова лето МКЦ ќе понуди богата програма

You must need to login..!

Опис

Младинскиот културен центар (МКЦ) за престојното лето го најавува Фестивалот на европски филм „Синедејс“, музичкиот фестивал „Здраво млади“, како и голем број други содржини.

„Во текот на пандемијата работевме речиси со несмалено темпо, се разбира со почитување на сите здравствени протоколи, заради тоа што имавме желба да што е можно повеќе реализираме од програмата за 2020 година, а од друга страна имавме свесност за нашата одговорност како јавна установа за тоа дека покрај нашите програми, ние сме и технички домаќини на други независни автори и организации кои што го користат МКЦ како простор за своите активности. Така, заедно успеавме да воспоставиме услови како би можело да реализираме се’ што можеше да се реализира. Во МКЦ ни претстои долго топло работно лето, почнуваме со реализација на нашите големи фестивали, 20-тото јубилејно издание на „Синедејс“, кое ќе се одржи од 15 до 21 јули, а како дел од промо настаните за фестивалот ќе направиме летно патувачко кино и ќе одиме во Крива Паланка, Струга и Струмица, потоа 25 и 26 август ни доаѓа фестивалот „Здраво млади“, а работиме и на 46-тото издание на театарскиот фестивал МОТ, кој ќе биде на крајот на септември.

Традиционално ќе го имаме и фестивалот „МКЦ за Скопје“, тоа е наше програмско потсетување на скопскиот земјотрес. А тука сме и да им помогнеме на сите наши соработници во однос на други програми кои што се случуваат во МКЦ а не се директно во организација на МКЦ или се во коорганизација. Веќе во четврток имаме премиера на театарската претстава во режија на Лука Кортина и театарот „Пресврт“, а се подготвуваат уште две театарски продукции“, вели за Утрински брифинг Русе Арсов, директор на МКЦ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

nineteen − 9 =