Русе Арсов пред доделувањето на Оскарите: Дојдоа и нашите пет минути да се радуваме на културата

You must need to login..!

Опис

Во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ во рубриката „Општествена сцена“ со новинарката Александра Бубевска говореше Русе Арсов, директор на Младинскиот културен центар (МКЦ), кој кажа дека во недела, на деветти февруари ќе биде организирана специјална програма, на следење на церемонијата на доделувањето на наградите „Оскар“.

-Почувствувавме дека треба на наш начин да дадеме поддршка на нашите другари од „Медена земја“. Организираме целовечерно следење на „Оскарите“ во МКЦ, но нема да биде класичен директен пренос, со гледање во телевизори, туку подготвуваме специјална програма со музички гости, чии имиња уште не ги откриваме, за да бидат изненадување. Ќе имаме проекција на филмови, и ние ќе имаме црвен килим, за нашите гости, овде во Скопје- рече директорот на МКЦ, Русе Арсов во „Утрински брифинг“

Тој додаде дека ќе има и пренос во живо на социјалните мрежи, од настаните во МКЦ.

-Се тоа што се случи со номинациите и сите награди што ги доби овој филм е голема победа на една мала кинематографија, каква што е нашата. Сето тоа е добро да се врати фокусот на јавноста кон културата- рече Арсов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

9 + ten =