Ружин: Бугарското вето создава проблем кој што ЕУ ќе го осети на својот грб во наредните 10-15 години

You must need to login..!

Опис

Бугарија има сериозен проблем со сопствениот идентитет и во овој момент после политичката одработка на бугарското население, политичарите не можат да се вратат на една нормална позиција на дипломатско дејствување и како што истакна Олбрајт, Бугарија настојува да си ги решава внатрешните проблеми со преместување на проблемите на надворешен план.

Сметам дека еуфоријата ќе трае до изборите во март, кога оние што ја актуелизираа оваа проблематика ќе треба да се соочат со одлуката на народот дали ќе останат или ќе ја изгубат власта. Како и да е во Бугарија се случуваат нешта кои не се на ниво на држава членка на ЕУ, дотолку повеќе што овој проблем не може да биде само бугарско- македонски туку овој проблем е глобален.

Европа ќе се соочи со овој проблем во наредните 10-15 години затоа што сите соседни држави имаат нешто да му префрлат на следниот кандидат и на тој начин да бараат решение со условување како што нас ни го прави Бугарија, изјави во Утрински брифинг поранешниот амбасадор во НАТО, универзитетскиот професор Нано Ружин.

Лично, а мислам дека и македонското јавно мислење не е задоволно од вистинскиот ангажман на ЕУ и нејзиниот комесар за проширување Вархеји. Реакциите беа многу лаконски, сувопарни, како едноставно таа група на држави кандидати не се европски проблем. Беа фокусирани на својот буџет, она што требаше да се направи со Турција, како и проблемите со климатското затоплување. Ние како држава не може да бидеме задоволни од индиферентноста на ЕУ. Како би можеле да делуваат? Прво знаеме дека ЕУ донесува одлуки од страна на четири институции – Комисијата, Советот на министрите, Советот на ЕУ на ниво на шефови на држави и влади и конечно Парламентот. Но во историјата се носеле одлуки и кога некој држава се противела против нешто. Едноставно таа била заобиколена. И тоа е постојан процес каде што со убедување, лобирање, благи уцени ги приморувале да не употребуваат вето.

Целиот разговор со универзитетскиот професор Нано Ружин погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

thirteen + 18 =