РСБСП: Жените се побезбедни возачи во сообраќајот, но имаат проблем со паркирање

You must need to login..!

Опис

Се уште постојат стереотипи за тоа дека жените се лоши и небезбедни возачи, но статистиката и истражувањата го  покажуваат токму спротивното. Ова денеска во Утрински брифинг го истакна Ристо Манчев од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП). 

-Некои истражувања покажуваат дека жените потешко паркираат или потешко возат наназад, помалку ги познаваат командите во автомобилот или попанично реагираат во случај на сообраќајна незгода. Од друга страна, жените возачи скоро никогаш не прават животозагозувачки прекршоци во сообраќајот. Истражувањата покажуваат дека жените многу помалку возат под дејство на алкохол, за нив не е својствено брзото и агресивно однесување во сообраќајот, помалку поминуват на црвено, итн. Според податоци на СЗО, 77 проценти од вкупниот број на сообраќајни незгоди со фатални последици се предизвикани од мажи. Овој факт е доволен за да потврди деката жените се одговорни учесници во сообраќајот, рече Манчев.

Тој  нагласи дека во денешно време веќе е изедначен бројот на жени возачи, а тоа пред се, се должи на обврските кои жената ги има на работното место и во семејството, и во никој случај не треба да се доживува како статус во опшеството, покажување моќ или тренд.

-Во 2020 година 125 лица го загубиле животот како последица на сообраќајни несреќи, а повредени биле 5.500 лица. Исто така и во првите два месеца од 2021 година, намален е бројот на жртви и повредени во сообраќајни несреќи. Тоа е значително помал број на настрадани и повредени во споредба со минатите години,  што укажува на подобрување на безбедноста во сообраќајот. Имајќи го предвид бројот на жители во Македонија, бројот на загинати не би требало да биде поголем од 100 луѓе, според просекот на ЕУ,  информира Манчев. За пет дена истекува законската обврска за носење на зимска опрема во возилата, но од РСБСП апелираат до возачите да поседуваат зимска опрема се додека времето е нестабилно, најмногу за нивна лична заштита.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 × three =