Ромите го „положија тестот“ – зошто ковид – 19 е помалку проширен во Шуто Оризари, разговор со Д-р Тефик Сали

You must need to login..!

Опис

Општината Шуто Оризари во моментов има 36 активни случаи на ковид-19. Ромите во Северна Македонија сѐ уште и во 21 век на некој начин живеат изолирано од останатите заедници, нешто за што пример е и Шуто Оризари. Ова можеби е позитивно од една страна, иако сметам дека не треба така да биде, гетоизацијата не е добра за ниту една етничка заедница, осбено за Ромите како најмалргинализиран етникум во Европа. Ова е еден аспект на тоа зошто вирусот помалку го има кај Ромите. Тоа е вирус кој се пренесува преку контакти и на некој начин општината е изолирана од останатите и на тој начин вирусот потешко влегува таму. Но тоа е меч со две острици – доколку влезе во општината многу побрзо ќе се рашири, бидејќи тие контакти се внатре во општината, изјави во Утрински брифинг, Д-р Тефик Сали.

Ако гледаме историски, на почетокот на пандемијата, со преземањето на мерките на Владата, можам да кажам дека Шуто Оризари ги почитуваше мерките, пазарот во оваа општина која што е една економска артерија беше затворен и ова е една од работите зошто ковид-19 не се прошири.

Големо влијание има и тоа што алармиравме кај ромското население, посебно ние како доктори во неколку наврати се вклучувавме низ медиумите и алармиравме за почитувањето на мерките. Уште при првиот случај кога се појави кај нас, јас со уште тројца доктори колеги ја почувствуваме опасноста од тоа доколку навлезе вирусот кај ромското население тој брзо да се прошири. Заради тоа рековме дека едукацијата и превенцијата се најважни.

Целиот разговор со Д-р Тефик Сали погледнете го во видеото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eleven − 2 =