Ристоманов: Проектот за рудникот Иловица е срам за сите власти

You must need to login..!

Опис

За нас беше очекуван исходот Вишиот управен суд да ја врати постапката на разгледување по што вчера Управниот суд ја потврди ослуката на владта за повлекување на концесијата за рудникот Иловица. По ова повторно треба да одлучува Вишиот управен суд, но постои стравување од некоја можна меѓународна арбитража. При одземањето на концесијата премиерот Заев рече дека од девет точки концесионерот исполнил само две. Оттука нема таков суд што ќе донесе одлука во полза на отворање рудник, вели Костадин Ристоманов од „Здрава котлина“.

Станува збор за плодно земјоделско земјиште кое, како што вели Ристоманов, ќе биде уништено од јаловината доколку се отвори рудникот Иловица. Во тој случај би се наталожил прав од 15 сантиметри, ќе се загади воздухот и од земјоделството нема да остане ништо.

Ристоманов вели дека добиле скратено резиме од проектот, но и дознале дека едно од најплатените работни места во потенцијалниот рудник е „комесар за иселување“.

-Кого ќе иселуваат? Сигурно не животните во околината туку жителите на околните села Иловица и Штука, вели тој.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

fourteen + seventeen =