🎥 Ристоманов: Не постои студија која вели дека нема да се користи прскање со цијанид и сулфурна киселина во „Иловица“

You must need to login..!

Опис

-Кога мислевме дека не огрее сонце и кога помисливме дека е невозможно да се побие одлуката на Владата и да се одземе концесијата за Иловица, за жал се случи невозможното – Управниот суд нашол за право во вонредни околности да ја прифати жалбата за Еуромакс ресурсис, изјави во Утрински брифинг, Костадин Ристоманов, претседател на НВО Еко Долина-Ново Село и член на Управен одбор на НВО Здрава котлина-Струмица.

-Еуромакс не се рударска компанија, туку е претходница на рударските компании. Они имаат искуство од околните држави, каде го подготвуваат теренот и после ги продаваат рудниците, додава Ристоманов.

Активистите паралелно ќе бараат истрага и одговорност за сите мистерии во врска со овој проект бидејки уште од стартот рудникот „Иловица“ се води како државна тајна. 

Откако беше симнат превезот на државна тајна ние побаравме да ја видиме но повторно не ни беше достапна. Мислиме дека тој елаборат за оценка на влијанието на животот на граѓаните воопшто не постои.

Компанијата Еуромакс со пари успева да регрутира нивни соселани, кои ги плаќа како вработени во фирмата, не одат на работа, а земаат плата, вели Ристоманов.

Проектот предвидува, над Штука и Иловица да се изгради  брана во висина од 276 метри за складирање на токсини. Ристоманов смета дека доколку истата попушти може да ја контаминира, но и и трајно да ги уништи почвата и водите во целата Струмичка котлина. Најголем страв создава прашањето околу користењето на сулфурна киселина и цијанид.

-Селаните ќе треба да бидат иселени. Тотално ќе се уништи водата, природата и животот на луѓето.

„Целиот проект е обвиен со сомнежи за кои никој не презел истрага и одговорност. Зошто и натаму се чува во тајност елаборатот за влијанието на овој рудник врз животната средина? Уште од почетокот на овој проект треба да се провери документацијата. Како тоа Министерството за економија се уште ја нема добиено пресудата на Управниот суд, ако му се верува на министерот Бектеши дека не ја добиле. Која е таа итност во услови на вонредна состојба да заседава Управниот суд и да донесе одлука токму по ова прашање? Сето тоа ни дава право да се сомневаме дека постојат елементи на корупција за нечии интереси“, изјави Костадин Ристоманов од „Здрава котлина“ и додаде дека рудник по ниедна цена нема да има.

-Никој нормален нема да дозволи да биде уништена целата иднина на жителите во струмичката котлина. Се случува геноцид, заклучи Ристоманов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fourteen − four =