Ристовски: СДС и ДПНЕ имаат иста политичка матрица што не познава владеење на правото

You must need to login..!

Опис

На политичката сцена се бориме. Интегра чекори во втората година, ги поминавме детските болести, грабиме напред, раководството е освежено, изјави во Утрински брифинг лидерот на Интегра Љупчо Ристовски и додаде дека на изборите во Штип е покажано дека партијата е витална и дека без разлика за обидите да се стави капа врз неа, таа ќе продолжи по независниот пат, а со тоа и да се освојат симпатиите кај јавноста.

Не смееме да бидеме незадоволни од изборите во Штип. Четири пати повеќе гласови имаме на локалните за разлика од парламентарните. Владата директно се вмеша во изборниот процес со силни ветувања за субвенции и помош. Сериозна енигма за мене е зошто ДПНЕ не учествуваше на овие избори. Тие на парламентарните освоија повеќе гласови од СДС. Штип се смета за нивни бастион. Ова требаше да биде победа за нив. Јас уште трагам по причините зошто тоа го направиле. Мислам дека станува збор, не ме фаќајте за збор, но таму се пред тендер, односно пред усвојување на ДУП-от, две одлични локации со голема моќност за соларна централа, фотоволтаици. И спрема тоа кој ќе добие ќе видиме дали има дил, дали меѓу себе си ја поделиле Мицкоски и Заев. Се додека се СДС и ДПНЕ на политичката сцена, ќе имате криминал, ќе има наместени тендери. СДС и ДПНЕ имаат така ментална матрица која што апсолутно не го познава владеењето на правото во неговата суштина. Оттука Македонија ќе направи исчекор напред само ако ја тргнеме оваа црно-бела слика, вели Ристовски.

Ние сме конзервативна и националистичка партија, но тоа не значи дека ги цениме луѓето по бојата на кожата и често пати велиме дека срцето ни гори исто толку колку и за секоја човечка душа која чекори и твори на ова парче света македонска земја. Затоа беше кандидат и Поликард, затоа имаме во лидерските тимови кои не се по крв и род Македонци, но по самосвест се. Симон Поликард Џими по самосвест е Македонец. Тој Македонија си ја нарекува своја татковина. И ова е лекција и за екстремизмите и во албанскиот етнички корпус и за сите малцински етнички групи – така треба да се сака со срце и душа Македонија, додаде Ристовски.

Јас сум горд што најдовме кандидат што е фундиран во својот живот на вредности, на доблесност. Тој е христијанин, верен е во Господа. Живее 30 години во Македонија и помагал на сите. И во неговото обраќање пред гласањето рече – сакам да бидам устата која ќе зборува за сите што неможат да зборуваат и ушите да слушнат, затоа што луѓето не се научени да слушаат, изјави лидерот на Интегра.

Целиот разговор во кој Ристовски говори, за како што тој вели флагрантниот упад во приватната сопственост (ресторанот Аманет) и во слободата на политичко делување погледнете во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

twelve + 18 =