🎥 Ристовски: СДС и ДПНЕ го играат тангото со ѓаволот – Интегра ќе го поништи Преспанскиот договор

You must need to login..!

Опис

30 години во Македонија живееме во еден сон, во една фатаморгана. Не можев да се помирам да бидам дел од генерацијата која ја губи лека полека татковината од свои раце.

-30 години ниту една владејачка гранитура не успеа да понуди извесна перспектива. едноставно тонеме, младите ни избегаа надвор. Борбата е моите деца да останат овде, а ќерката да си јха вратам во Македонија. Тоа еден од предизвиците. Цело време наизменично се прават коруптивни математики, влегуваат разно разни луѓе на кои единствена цел им е да грабнат нешто, изјави за Утрински брифинг претседателот на Интегра, Љупчо Ристовски и додаде дека многу е битно да се постулира општество на вредност, доблесност и интегритет нема прогрес и просперитет.

-Интегра излегува на ова сцена со вистината. Библиски вистината е таа која ослободува. Слободата доаѓа од вистината, а лагата е ропство. Татко на лагата е ѓаволот. Тоа е ропство. Со лага во политиката во иминативе 30 години се заробија умовите на нацијата и народот е буквално во едно ропство, вели Ристовски.

Преспанскиот договор

Во првите 100 дена од претопставена власт, ако даде Господ, придавката северна мора да исчезне одправниот промет од Република Македонија. И ќе исчезне со изјава за ништовност, на основа на загрозено право на самоопределување на мојот народ да се нарече Македонски во етнички контекст, да го говори својот мајчин македонски јазик, да има своја македонска култура и да ја забетонираме за навек државотворноста на македонскиот народ во Македонија.

Коалиции

Правени се обиди за коалицирање, Сме пристапиле искрено во тој дел, но до последен момент не сме ги имале сите компоненти за да одлучиме правилно и исправно. За прва пат во Европа го вадиме либертаријализам како вредносен систем, а тоа е личната слобода да се унапреди до максимална граница без да се загрози слободата на другиот. Слободата е единствениот простор каде што креативниот личен потенцијал на поединецот и нацијата може максимално да дојде до израз, вели Ристовски.

-Јас сметам дека 30 милијарди што ги украдоа од овој народ СДС и ДПНЕ да беа внесени во еконскиот циклус, со оние мизерни стапки на раст сега ќе имавме плата 1.700 евра по вработен во Македонија. Тоа значи дека 30 години некој го краде и разграбува крволочно мојот народ макеоднски и секја човечка душа што е родена на ова парче земја , изјави за Утрински брифинг, првиот човек на Интегра, Љупчо Ристовски.

-Јас не орам туѓа нива. Кога излеговме на политичката сцена 75 % неопределни, од кои 2/3 беа против СДС и ДПНЕ. На основа на тие аналзи ние излеговме таа нива да ја ораме. И фала му на Бога добро ја ораме таа нива. Дојдовме до 20% поддршка на јавноста и според наши теренски сондажи им се доближиме на големите утврдени бастиони. Им дишеме во врат и имаме се уште околу 35 % луѓе кои се уште се неопределни или нема да гласаат. Ние цениме дека 2/3 се поле кое се колеба, но се изричито против ДПНЕ и СДС, додаде Ристовски.

-Сакам да демантирам дека ние сме финансирани од СДС, дека сме ппроизвод на СДС. Тоа се будалаштини. Нема да коалицираме со СДС во ниедна варијанта. Вториот клучен момент е дека ДПНЕ не одговори на потребите на народот. За нас се тие велепредавници кои во договор помеѓу себе го играат тангото со ѓаволот. Тоа народот не смее да им го прости. Мора да ги испратиме во историјата, вели Ристовски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

18 − thirteen =