Ристова: Мнозинството ќе биде присутно на денешната собраниска седница

You must need to login..!

Опис

Според досегашната координација и она што го имаме како информација до овој момент е дека мнозинството ќе биде присутно на денешната собраниска седница. Мнозинството можеби било проблем во одредени ситуации кога имало отсуство на пратеници поради здравствени причини, ние сега мнозинството го имаме во секое време и тоа никогаш не било проблем.

Проблемот секогаш доаѓа од страна на опозицијата која што знае да опструира со недоаѓање на седница, да биде присутна во собраниската зграда но не таму каде што треба да се дебатира каде што се носат одлуките, законите кои што се од суштинско значење за граѓаните.

Не беа тука и кога требаше да бидат изгласани и оние најсуштински закони кои што беа наменети за ублажување на последиците од ковид пандемијата, односно за помош на граѓаните.

И во овие моменти ние навистина со сите можни сили и на секој можен начин се обидувавме да го направиме најдоброто, се во интерес на граѓаните, законите да бидат изгласани и да го видат бенефитот пред се оние за кои што тие беа наменети, вели за УБ пратеничката од редовите на СДСМ, Лолита Ристова.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one × five =