Ристески: Владата мора да ги слуша сите синдикати за да нема штрајкови

You must need to login..!

Опис

Вчера се потпиша договор меѓу СОНК и Владата за покачување на платите во образованието. Марјан Ристески, претседател на Кофедерација на синдиклни организации, за Утрински брифинг вели дека во рамките на Конфедерацијата постои Независен синдикат за образование и нивниот став е дека СОНК требаше да издржи во штрајкот повеќе и да настапи похрабро, оти веќе 10 отсто беа договорени.

-Јавно кажувам дека не е добро протестот во образованието да се прекине за само тие 2 отсто разлика, тоа не е добро за работниците. Не би го обвинил само СОНК туку и Владата кои треба посериозно да го сфатат штрајкот. И ние сме правеле протести и сме ги повикувале нашите членови да ги поддржат протестите што ги прават другите синдикати.Работниците се единствени. Кај некои синдикални лидери се осеќа дека има политика во синдикатите и се додека има политика нема да бидат синдикатите како во Европа. Секоја опозиција сака да си го присвои секој штрај, но за тоа е виновна Владата која ги турка синдикатите во прегратки на опозицијата.

Главниот проблем настана кога се зголеми минималната плата. Преговорите ги водеше ССМ и минималната плата беше предизборно ветување што се исполни по изборите. Требаше заеднички сите синдикати да учествуваат во преговорите и да се договори начинот на кој потоа ќе се зголемуваат другите плати по сектори.

Учествуваме во заеднички акции, но кога ќе осетиме дека има политика, нешто не е какошто треба се договараме како ќе постапиме. Треба да има реален социјален дијалог со Владата со сите синдикати, а не само со репрезентативен. Ако Владата нѐ остави самите да се организираме, ние се организираме вака на штрајкови и протести затоа што работниците се незадоволни.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

2 × two =