Ризвановиќ: Ставот на ЕУ во целата „приказна“ со Бугарија е прилично дволичен

You must need to login..!

Опис

Она што се случуваше во авионот за време на заедничкото чествување на Св. Кирил и Методиј во Рим беше запознавање на македонските новинари со бугарскиот претседател Радев и на бугарските колеги со претседателот Пендаровски.

Во Рим очекувавме да имаме повеќе време со Претседателите односно да ги прашаме прашања кои земјава ја мачат, дали ќе добиеме датум за преговори, дали Бугарија ќе ја крене нивната наметната блокада, изјави за Утрински брифинг новинарот Сеад Ризвановиќ.

Она што се виде во јавноста и што произлезе како резултат од оваа посета е се што новинарите успеја да го дознаат. Во неформални разговори бугарските колеги ќе ви кажат дека не се согласуваат со целосната бугарска политикиа, ќе ви кажат дека сето тоа можеби не е во ред, но кога ќе влезете во посуштинска дебата ќе видите дека всушност тие ги делат тие позиции и ставови, и она што еден бугарски новинар ми го објасни всушност е дека позицијата на Бугарија е навистина единствена и таа е иста во целото оопштество, така што и бугарските новинари можеби покажуваат емпатичен став кон позицијата на Македонија, но суштински тие ги мислат истите работи и тоа е реалноста, додава Ризвановиќ.

Што мисли претседателот тоа го кажа и јавно. Употреби една прилично интересна реченица која го отсликува неговиот став, каде вели јас не сум ниту умерен оптимист туку реалист. Тој објасни зошто постојат објективни потешкотии за постигнување на напредок во јуни – а тоа е дека Бугарија нема функционална влада и Собрание и единствена личност која во Бугарија одлучува со полн легитимитет и капацитет е Радев, изјави Ризвановиќ

Целиот разговор погледнете го во видеото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 − 3 =