Ризаов: Нужен е компромис со Бугарија во кој двете страни ќе бидат еднакво среќни или еднакво несреќни

You must need to login..!

Опис

За темата дали ни требаат или не ни требаат предвремени избори е последната тема за која расправа новинарот и аналитичар Ерол Ризаов.

-Сега по малку спласнува оваа тема оти стануваат поактиелни национални теми. Колку тоа ќе биде така зависи од власта и коалиционото владеење, а тоа е поврзано со државнички капацитети оти треба да се комуницира и со опозицијата, вели Ризаов.

Повикот за предвремени избори е добро за партиска мобилизација дури и кога не мислите така, вели Ризаов, особено за опозицијата, оти така се одржува интересот на луѓето и им ги подгрева надежите дека еден ден ќе добијат нешто.

-Никој не одбележува 100 дена од локална власт. Таа идеја е пропагандна, идејата е кампањска како и шетањето низ град да се бараат локации за градинки, вели Ризаов и додава дека постои еден апсурд – општините постигнуваат успеси, а државата неуспеси. Ризаов вели дека тоа е невозможно оти општините се дел од дравата.

Тој вели дека е невозможно да се изгради пречистителна станица за 100 дена, туку станува збор за проекти кои се започнати претходно и тоа секогаш се случува.

-И кај Ковчевски се гледа ентузијазам, има динамичност, но и тука е рано да се видат некои резултати. Под притисок на јавноста мораше да се донесат некои одлуки кои се социјални, како оние за енергетиката, социјалната помош и другите социјални давања, како и покачување на минималната плата. Тоа на економистите не им се допаѓа затоа што нереално, популистички ќе повлече покачување на другите плати што ќе повлече проблеми во економијата, вели Ризаов.

Максим Димитриевски, кумановскиот градоначалник му го оспори правото на Бујар Османи да се занимава со проблемот со македонското малцинство во Бугарија затоа што министерот не е етнички Македонец.

-Забораваме дека ние донесовме Договор за добрососедство со Бугарија и секое отстапувања од него ќе биде подложено на критики. Досега не сум забележал отстапувања. Станува збор за преговори и нормално е некои работи извесно време да се држат во тајност. Но, Бугарија отстапи од рамката, а Македонија има план. Од денешна историска дистанца не можеме да процениме што ќе изгубиме ако постигнеме компромис, а притоа секако да не задираме во некои идентитетски прашања. Треба да се постигне компромис со Бугарија во кој обете страни ќе бидат еднакво среќни или еднакво несреќни, вели Ризаов за Утрински брифинг.

Тој додава дека ни ние ни Бугарија не можат да ја изменат историјата. Ако Бугарија потпишала пакт со нацистичка Германија, тоа е историски факт. А историјата треба да им се предаде на историчарите, коментира Ризаов и додава дека не е тоа причина денешните генерации во двете земји да се мразат.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

thirteen − 3 =